
Отворениот пазар во Кочани – проблем за продавачите. Денешниот пазарен четврток овојпат беше сончев, но во случај на полоша временска состојба, таму речиси и нема услови како да се продава. Оние кои продават текстил, а ги анкетираше екипата на М-Нет Телевизија, велат дека подобро е ако продаваат под затворен пазар. За нив тоа претставува голем проблем, бидејќи продаваат текстил за кој мора да се снаоѓаат да го заштитат од дожд.
„Секогаш има потреба за подобри услови, сите временски услови не одговараат и треба затворен пазар.“
„Да, имаме потреба. Подобар е затворен пазар.“
Во однос на побарувачката, пак, текстилците велат дека сега сѐ потешко се егзистира од текстил поради пандемијата, која е проблем за сите од текстилната индустрија. Кочанчани сѐ помалку на пазарот доаѓаат за текстилни производи.
„Сега со коронавирусот има проблеми и тоа се чувствува и на пазарот на текстилот, не е како порано што беше.“
„Многу тешко е, со епидемијата потешко се работи.“
Инаку, пазарниот четврток во Кочани купувачите и продавачите го оценија стандардно како и секој петок. Цените речиси исти како и претходниот петок, а раздвиженоста поголема поради сончевото и топло време. Кочанчани најмногу купуваа овошје, но и компир, ориз, марула, зелка и спанаќ. Утринава продавачите беа задоволни, а во текот на денот очекуваа уште поголема побарувачка.
Ребека Спасова М-Нет