
На 10.01.2023 во 14.30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 11.30 часот осуденикот Ѓ.М. со остар предмет се обидел да нападне медицински техничар додека вршел работни задачи, но бил спречен во намерата. По комплетирање на случајот, против Ѓ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.