Беровчанец пред казино се однесувал агресивно кон полициски службеници

На 10.01.2023 во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле Д.Р.(51) од Берово затоа што во казино во Берово агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По комплетирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.