
Завршена обдукцијата на лицето кое почина во штипскиот затвор. Согласно извештајот од истата, осуденикот починал како резултат на труење од опијати лекови ( хелекс, тромадол) и слично. Како што посочија од Казнено поправната установа затвор Штип, уште истиот ден односно во саботата се завршени сите процедури, земени се изјави од осудените лица, додека починатиот бил предаден на обдукација. Во извештајот пишува дека станува збор за несереќн случај, однонсо 21 годишникот испил голема количина на апчиња. Во саботата откако не можел да стане од спиење околу 10:30 часот е повикана Брза помош, лицето било пренесено во болница каде било анимирано, но нешто пред 12 часот напладне починало.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет