Ако имаат добра прилика по завршување на образованието младите би останале да работат во државата

Ако имаат добра шанса за работа младите по зваршување на високото образование би останале во својата држава. Најголем дел од анкетираните велат дека не би заминале да студираат во странство, но има и такви кои велат дека ако имаат прилика своето образование ќе го продолжат надвор од Македонија.

Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија, Македонија се соочува со голем губиток на високостручни и научни кадри. И додека државата размислува како да го намали одливот на мозоци, а студентите планираат кариера таму каде имаат подобри услови за развој и заработка, истражувањата на УГД велат дека условите за прифесионален развој се пресудни во одлуката за останување во државата.

На младите научници треба да им се даде шанса за развој во нивните најпродуктивни години. Универзитетите бараат поголема автономија во вработување на научен кадар. Од пред десет години до сега перцепцијата за иселување кај младите се намалува, но е над просекот над земјите од Југоисточна Европа. Од 77% во 2014 кога младите се изјасниле дека сакаат да живеат во странство пред две години процентот се намали на 56.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет