
По одиграни 21 натпревар во Втората македонска фудбалска лига две екипи се издвоија на врвот од табелата, но во секој случај до крајот на преостанатите девет кола ќе гледаме неизвесна сезона кога се во прашање местата кои водат кон Прва лига.
Македонија ЃП и Башкими се издвоија на врвот и го делат првото место со по 48 освоени бодови. Овие две екипи ја водат борбата не само за директен влез во елитата, туку и за шампионскиот пехар во Втората лига. Башкими е во најдобра форма бидејќи има пет од пет на последните пет меча.
Брегалница е на третото место на табелата со 44 бодови или во бараж зоната за можен влез во Прва лига, но сега Арсими кој е четврти со 42 бодови прави сериозен притисок кон штипјани за третото место и баражот. Овие четири екипи ќе ја водат борбата за местата кон Прва лига, а Арсими кој влезе во серија со три победи во низа сака да се наметне и за директен влез во Прва лига.
Брегалница сега има четири бодови негатива од првите две места кои директно водат кон елитата, но дополнително им е загрозено и третото место бидејќи Арсими има два бодови негатива од штипјани.
Веднаш пресек на табелата со оглед на тоа што Саса и Охрид го делат петтото место со 32 бодови, Детонит Плачковица, Скопје и Кожуф имаат по 31 бод, а пак Беласица сега се вмеша во трката и за петтото место со 28 бодови на своето конто.
Победа засега е до некаде сигурно, но ќе мора да бара триумф со цел да не го загрози директниот опстанок, бидејќи прилепчани со 22 бодови се наоѓаат на 11-тото место со шест бодови над бараж зоната.
Новаци и Вардар Неготино влегоа во резултатски кризи и ќе мора да бараат излез од истите веќе од следното коло, двете екипи имаат по 20 бодови и се наоѓаат на 12-тото односно 13-тото место.
Осогово сега е со реални шанси за директен опстанок, тимот од Кочани забелажа важна победа над Борец и се наоѓа во бараж зоната со 16 бодови, само четири помалку од зоната за директен опстанок каде што е Вардар Неготино и Новаци.
Борец е во зоната за директно испаѓање со 10 бодови и пред велешани е многу тешка мисија за опстанок, а во тешка ситуација за опстанок е и Вардарски кој е последен со осум бодови.
Во сабота се играат натпреварите од 22. коло, каде екипи кои водат борба за опстанок ги очекуваат тешки натпревари.
Александар Ванев, М-Нет