
Младите кикбоксери од Штип кои се членови на клубот Гладијатор Фајт задоволни од прикажаното на Државното првенство, велат дека со интензивни подготовки, со многу труд и верва во себе може да се стигне до голем успех.
Петра Долдурова го освои сребрениот медал на Државното првенство, за нејзе тоа ќе биде мотив повеќе во иднина да биде уште подобра.
„Јас настапив на во минус 65 кг, конкуренцијата беше прилично тешка, првата борба ја добив, а во втората загубив и се пласирав на второто место. За мене овој успех на државното првенство ми значи многу за во иднина фокусирајќи се на Европскиот Куп во БиХ“, вели Долдурова.
Јован Јанковски има два медали, едниот златен другиот сребрен, за М Нет телевизија изјави дека е многу задоволен од тоа што го прикажал на Државното првенство, но во иднина ќе се стреми кон уште подобри резултати.
„Јас сум многу задоволен од овој успех златото го освои во минус 52 кг, а среброто во минус 57. Ова ме мотивира да продолжат со уште поголеми успеси, а следните предизвици ќе бидат на Европскиот Куп во Сараево“, вели Јанковски.
Леонтина Миткова донесе златен медал од Државното првенство, фокусот веќе го става на следните предизвици, вели дека минале низ интензивни подготовки за што е видлив резултатот.
„Јас сум многу задоволна конкуренцијата беше лесна, бидејќи имав само една противничка, која ја доби и го освоив златниот медал. Ова е голем поттик за да продолжам со редовни тренинзи како и за настапите на Европскиот Куп“, истакна Миткова.
Антониа Тасева во Штип донесе две злата кои ги освои во две категории, вели дека конкуренцијата за нејзе не била тешка.
„Се натпреварував во две конкуренции во минус 60 кг каде што злато и ги победив двете натпреварувачки, како и во минус 65 кг и таму победив две натпреварувачки за златен медал. Конкуренцијата беше лесна бидејќи добро се спремавме имавме постојано тренинзи и се покажа трудот“, ни изјави Тасева.
Овие резултати се потврда за големиот успех на штипскиот клуб, Гладијатор Фајт настапи со 12 натпреварувачи кои ги води тренерот Шенол Асанов, а во Штип се врати со 11 медали.
Александар Ванев, М-Нет