Основните училишта „Тошо Арсов“ и „Гоце Делчев“ се вклучија во еколошката акција за почист град

Основните училишта „Тошо Арсов“ и „Гоце Делчев“ се вклучија во еколошката акција за почиста животна средина во Штип. Второодделениците и деветоодделеците од ОУ „Гоце Делчев“ Штип чистеа во паркот во близина на училиштето, а се поделија и пароли со пораки со цел да се погидне кај граѓаните свеста и да не се фрла губре по улиците.

„Одсновното училиште „Гоце Делчев“ од Штип по иницијатива на Локалната самоуправа се приклучивме на акцијата за почиста и здрава животна средина со цел да ја подигнеме свеста и кај дечињата, а пред се и кај возрасните за чистата и здрава животна средина. Нашето училиште реализираше низа активности, две се посебно за одбележување. Учениците од двето одделение учествуваа на чистење на паткот кај таканаречената Пинг понг сала во Штип и прокламирање на пароли кои беа во насока на чиста и здрава животна средина. Учениците од второ одделение беа вклучени во едно дефиле кое беше во реонот на нашето училиште каде се делеа содржини“ – вели Митев.

И учениците од ОУ „Тошо Арсов“ чистеа околу училиштето поделени во групи, а целта единствена да им се покаже на повозрасните дека сметот и ѓубрето треба да завршат во канта за отпадоци.

„Денеска тука сме собрани затоа што ООУ „Тошо Арсов“ заедно со градот Штип учествува во еколошка акција да и покажеме на граѓаните да не ја загадуваат животната средина“ – велат од училиштето.

Надлежните се надеваат дека ваквите акции кои се спроведуваат со децата ќе дадат резултат и ќе живееме во почиста околина и животна средина.

„Се надеваме дека ќе ја потикнеме свеста и кај возрасните и кај децата со оглед на тоа дека децата учат од возрасните“ – додава Митев.

Вакви еколошки акции најпрво се спроведоа во двете детски градинки, а во истите се вклучија и останатите основни училишта во градот.

Лаура Стојанова М-Нет