
Македонската женска фудбалска репрезентација во новото издание од Лигата на нации ќе биде во Ц дивизијата, а веќе се познати и термините за натпревари.
Македонија е во групата број три заедно со репрезентациите на Фарски Острови, Андора и Израел.
Женската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Александар Андов натпреварувањето го отвара против Андонра на домашен терен, мечот е закажан за 2 март 2027 година, а потоа играме против Фарски Острови, исто така на домашен терен четири дена подоцна.
На 20. април нашата репрезентација ќе гостува кај Израел, а на 24-ти следува дуелот против Андора во гости. Во последниот круг од натпреварите на 11. јуни на домашен терен играме против Израел, а на 15-ти истиот месец следува гостување кај Фарски Острови.
Пласман во повисок ранг од Лигата на нации обезбедува селекцијата која ќе го освои првото место во групата додека двете најдобро второпласирани репрезентации од сите групи играат бараж со двата најдобри тима кои во Б конкуренцијата ја освоиле третата позиција.
Александар Ванев, М-Нет