Заврши меморијалниот турнир во мал фудбал „Владо Илиев“ во виничко Истибање

Со голема посетеност и уште поголема заинтересираност заврши Меморијалиниот турнир во мал фудбал Владо Илиев кој се играше во виничко Истибање. На турнирот оваа година учество зедоа 18 екипи од повеќе градови од Истокот, а за најдобрите следуваа и награди.

„На овој турнир учество земаа 18 екипи од Берово, Делчево, Штип, Кочани, Виница и околните села. Овој турнир се одржува од претходната година, ова е втор меморијален турнир во чест на нашиот другар и никогаш непрежален Владо Илиев и се надеваме дека ќе остане традиција да се одржува во наредните години со повеќе екипи и поголем награден фонд“ – вели Анастасов.

Со надеж овој турнир да прерасне во традиција која ќе продолжи да се негува и во наредните години, со многу повеќе екипи, поголем наградн фонд и уште поголема посетеност се овогодинешните играчи.

„Па јас би порачал за следната година да имаме што е можно повеќе екипи и повеќе успех. Имаше доста луѓе на овој турнир, ова е втора година по ред како се одржува овој турнир.“ – вели Велков.

Задоволни од турнирот се и најмладите учесници кои играа во чест на Илиев. Велат добро искуство и надеж за подобри резултати наредната година.

„Јас сум ученик во ОУ Гоце Делчев Виница, имам 11 години и мило ми е што учествував на овој турнир. Тренирам фудбал во Слога Виница од 2020 година. Инаку, турнирот беше супер за мене освоивме второ место се надевам дека нареден пат ќе имаме повеќе среќа.“ – додава Стоилов.

Учесниците со порака до сите догодина да бидат помасовни со цел да продолжи секавањето на Владо Илиев.

Лаура Стојанова М-Нет