
Синоќа беа одиграни нови три натпревари од осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“. Трбините беа исполнети до последно седиште, а публика имаше и околу целиот терен, интересот за овој турнир е голем.
Првиот меч приреди возбуда кај присутните, а Кафе Бар 9 со 2:1 обезбеди следна фаза откако славеше над екипата на Стаклара Исмајлоски.
Во вториот меч публиката уживаше во пет погодоци, БЗ Груп Враништа со 4:1 го декласираше тимот на Еко Шпар за пласман во четвртфиналето.
Во последниот меч имаше голема доза на неизвеснота околу победникот, сепак на крај Ресторан Станица Викса Пром со минимални 0:1 славеше над Сатеска.
Вечерва осминафиналната фаза ќе биде комплетирана со последните два натпревари. Од 21 часот Др. Баткоски ќе игра против БЗ Груп Ложани, а еден час подоцна Пекара Лихнида ќе го предизвикува тимот на Камиоски Делови Бос.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.
