Каменица Саса ги започна подготовките „под палката“ на новиот тренер Баже Јанакиески

Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига, на стартот од истите беше промовиран и новиот тренер.

Младиот стратег Баже Јанакиевски ќе ја предводи Каменица Саса во новата сезона од Втората лига. Јанакиевски веќе го имаше првиот собир со фудбалери на кои им ги соопшти плановите.

Јанакиевски ќе добие неколку засилувања, а веќе се договорени и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Минатата сезона Баже Јанакиевски ја предводеше Локомотива Пехчево.