
Осветен храмот посветен на светиот чудотворец Спиридон трипитунтски во место наречено Црквиште на планината Плачковица во атерот на Општина Карбинци. Во сослужување на свештенослужителите и Митрополитот Брегалнички г. Иларион на ден први Август беше осветен новоизградениот храм. Некогаш на самото место имало храм нарекуван Црквиште на кој му се поклонувале многу наши предци вели г. Иларион и додава дека во тоа време кога имало робство, тие успеале да го зачуват православието и националноста.
“Еве денеска на ова древно место, можеме слободно да речеме и свето место, бидејќи тука имало храм и се нарекувал Црквиште, каде што имало храм божји и каде што нашите предци доаѓале и му се молеле на Бога пренесувајќи дарови, молби и просби. Живееле во тешко време, кога биле во робство, но единствено верата православна ги одржала да останат православни, да останат и национално македонци, за да ја зачуват и верата, но и нацијата.“, вели Митрополит Брегалнички г. Иларион
Оваа идеја и цел, била поттикната од ктиторите Трајче и Александар, но и други хумани луѓе за изградба на истиоимениот храм.
“Како што вели народот наш, каде што течело, пак тече, каде што имало, пак има. Од рацете со многу љубов нашите ктитори, господинот Трајче и господинот Александар и нивните семјества, но и од други луѓе кои што помогнаа, повторно на ова место се изгради овој храм, посветен на Св. Спиридон чудотворец, на епископот кој што силно го бранеше православието на првиот вселенски собор во Никеа во 325 година, кога Св. Цар Константин го свика вселенскиот собор.“ додава г.Иларион
Инаку, Светиот чудотворец Спиридон според христијанскиот календар се чествува секогаш на 25 Декември. Според православната традиција, тој бил многу скромен, но душевно многу богат. Тој е претпознатлив по легендата дека тој направил чудо во Никејскиот собор, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во сопствената рака, при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.
Лаура Стојанова, М-Нет