Граѓаните на Виница бараат почест линиски превоз до Скопје

За одење на лекар, преглед или пазарување, граѓаните од Општина Виница, велат дека имаат многу ретко автобуска линија, која води до главниот град. Некои од анкетираните граѓани истакаа дека во Виница нема превоз, а до скоро се возевеле со автобусите на градот Берово, додаваат тие и едногласно бараат решение на случајот, за да продолжат да ги вршат своите потреби во Скопје.

“Дека на лекар ќе одиме, ние од тука со што ќе одиме, како? Автобус прво дали имаме од Виница за Скопје. Со Берово одевме, а сега каде се, нема сега, се затворија, нема ништо.“

“Што пример да каже човек, кога недостасува“

За ваквата состојба М-нет телевизија разговараше со автобускиот превозник „Авто-атом” Кочани и од таму велат дека градот Виница со превозната компанија имаат секојдневна линија по три пати во денот. Линијата од компанијата започнува од село Блатец, каде потоа ги опфаќа градовите Виница, Кочани и Штип и истата завршува во главниот град. Првото поаѓање наутро од истиоимениот град е во шест часот и 20 минути, второто во осум часот и 45 минути, додека третото е во 12 часот и 30 минути и со истото се дава до знаење на граѓаните, дека имаат можност за користење на истиот.

Лаура Стојанова, М-Нет