
Ќе се постават дронови кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери со цел побрзо откривање на подметнувачите на пожари“, ова го напиша директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев на неговиот фејсбук профил . Оваа мерка произлезе како резултат на пожарите кои ја зафтатија и опустошија територијата на Македонија и истите предизвикаа огромни штети, при гасењето на пожарите на неколку места беа забележани и празни туби од бензин.
Воедно тој изрази голема благодарност до хеликоптерските единици при Министeрството за внатрешни работи и Министерството за одбрана без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.
“Воедно, благодарност и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.“ вели Јанев
Јанев алепира до граѓаните да внимаваат на своето здравје кога се движат по шумите, нивите и полињата. Во претходните денови беа забележани многубројни пожари на повеќе места во државата, засега има пет активни пожари во Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, Студеничани и Пробиштип
Лаура Стојанова, М-Нет