Делчевски Патриот со голема победа, кошаркарките на Баскет Кам го збришаа Пробаскет, голема победа за Струга!

Третото коло од Првата А женска кошаркарска лига донесе убедлива победа за Патриот кој на домашен терен во Делчево славеше над МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 72:62 со што ја забележа првата сезонска победа.

Шампионот Баскет Кам со превисоки 58:89 го збриша тимот на Пробаскет со што тимот од Македонска Каменица има три од три, а три од три има и Крива Паланка откако славше во фантастичен меч со вкупно 194 поени над Вардар за конечни 96:98.

Во рамки на оваа рунда слободна беше екипата на Бадел, откако Куманово беше дисквалификуван од натпреварување.

Во однос на табелата Крива Паланка и Баскет Кам имаат максимлани шест бодови.

Во рамки на Првата Б женска кошаркарска лига Jaн Бор на домашен терен доживеа вистински дебакл откако загуби од Струга со 37:76, а пак Гостивар славеше висока победа од 61:37 над Пониква.

Спорт Тим исто така дојде до висока победа на домашен терен од 67:41 над Охрид, а пак Ринија загуби со резултат од 52:63 од тимот на Шкупи.

Во однос на табелата Струга има максимални шест бодови, а пак Спорт Тим, Шкупи и Охрид имаат по бед бодови.

Александар Ванев, М-Нет