
Да се замрзнат цените на производите, а не цените на маржите бараат од Огганизацијата на потрошувачи на Македонија. Од таму велат дека од март месец годинава постојано добиваат преставки од страна на граѓаните кои реагираат на цените во супермаркетите, но и на квалитетот на производите кои се во фрижидерите.
„Цените се покачуваат на енергентите, на основните производи за храна, она што ние го баравме е да се плафонираат цените на основните производи, потоа се утрврдија маржите, но со маржите не го чувствуваме тоа, бидејќи самиот трговец го добива производот од увозникот од каде производот има повисока цена. “ – вели Лончар.
Лончар Велкова посочи дека во зимскиот период очекуваат да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Изминатиот период реакциите се околу цената на трансмисија на струјата, која најмногу најмногу ги буни граѓаните. Имаат и реакции од страна на граѓаните и за цената на огревното дрво, кое дефинитивно не се продава за 3.000 до 3.500 денари.
„Цената на трансмисијата на енергијата, зошто толку многу се плаќа па иамвме и средба со Регулаторна комисија за енергетика. Најаважно е дека тие не реагираат, тие примаат преставки,сметаме дека тоа е добро оти Владата се залага за пакети мерки.
Забележа дека треба да има и субвенции, но и поволни кредити за граѓаните кои купуваат инвертор клими и се залагаат за заштита на животна средина.
Лаура Стојанова М-Нет