На два дена од почетокот на предизборната кампања, граѓаните прават јасна разлика меѓу програмската понуда на коалицијата „Можеме“ и режимската програма на актуелната опозиција, истакна денес Македонка С. Николовска од ОК СДСМ Штип. Граѓаните знаат дека со СДСМ се во сигурни раце и иднината им е обезбедена, вели Николовска
На кажаното на денешниот прес на СДСМ Штип реплицираше ОК ВМРО ДПМНЕ:
-„Колку е неспособна оваа власт гледаме во текот на целиот мандат. На секое поле бележиме пад, како резултат на лошите политики, а пак танцот на Заев со Корона вирусот не претвори во Вухан на Балканот. Катастрофалните политики во секоја општина направи жаришта на болеста, при што секојдневно слушаме за стотици заболени и се поголем број на мртви. Затоа, власта наместо да ја критикува опозицијата, требаше да се зафати со заштита на населението. Меѓутоа, за тоа веќе нема време, оти на изборите што следат, ќе доживеат таков пораз што ќе им овозможи наредните години да ги посветат на размислување каде згрешиле“ – велат од опозицијата.