ОО на СДСМ Штип со реакција за решенијата за данок на имот во Штип

Граѓаните сега плаќаат повеќе пари од својот џеб поради поголемите давачки за данокот на имот, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Прашуваат до каде ќе се оди со полнење на општинската каса на грбот на граѓаните.

„Одлуката за утврдување на пазарната вредност на недвижнини според зони директно влијаеше на износот на висината на решенијата за данок. Па така, ако во 2021 година сте платиле данок од 680 денари, во 2025 година ќе платите даник од 1383 денари или за 103 %повеќе.  Претходно се покачија и данокот на промет, надоместокот за градежно земјиште, водата, паркингот, ѓубрарината и зеленилото – има ли крај ?  Со ДПМНЕ на власт, граѓаните добиваат удар по џебот од сите страни, а ништо не добиваме за возврат.“ – велат од СДСМ.

Од Општина Штип велат дека станува збор за ревидирани вредности во решенијата за данок на имот, бидејќи има измени во Законот за даноци.

„Согласно промените на Законот за даноци, општината мора да прави репроценка на имотот, и затоа даночните решенија се со ревидираната вредност“ – вели Каров.

Во меѓувреме општината веќе започна со доставување на решенијата за данок на имот на граѓаните за 2025 година.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет