ОК на ВМРО ДПМНЕ со обвинувања до државата за ненаменско трошење на средствата за претстојните избори во Штип

За претстојните избори во Општина Штип, државата ќе потроши неверојатни девет милиони деветстотини осумдесет и пет илјади денари кој можат да се пренасочат во други цели. Денеска на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ, со обвинение дека средствата не се рационално искористени.
„Наместо државните болници да бараат донации од приватни донори, наместо лекарите да се подложни на вирусот поради непостоењето на соодветна заштита од вирусот, наместо пациентите да стравуваат за нивниот живот при хоспитализација, власта троши 160 илјади евра за спас на неработењето на претходниот татко на градот.“ – беше дело од изјавата на Ок на ВМРО ДПМНЕ – Штип.
Најодговорно тврдиме дека изборите во Штип ќе направат штета и огромни издатоци и затоа нема никаква потреба од нивно одржување  – се изјаснија од ОК на ВМРО ДПМНЕ –  Штип.

Лаура Стојанова М-Нет