Собрани 22 единици крв, на редовната крводарителска акција во просториите на „Црвен крст“ – Кочани

Денеска се спроведува редовна крводарителска акција во просториите на „Црвен крст“ – Кочани. Оваа акција се случува секој последен четврток во месецот, конкретно секој месец. Со тоа се овозможува да се покаже хуманоста на дело, и со дарување на крв да се спаси нечии живот. Сега, во време на пандемија која го зафати целиот свет, акцијата е од клучно значење, за помош и справување со Корона кризата.
„Акцијата започна во 8:30 часот до 14 часот и беа собрани 22 единици крв, од кои 13 беа од млади лица до 30години“ – не информираше Анета Коцева, раководител на „Црвен крст“ – Кочани.
Ова е единаесетта редовна крводарителска акција, која се одржува во просториите на „Црвен крст“ – Кочани, а до крајот на годината престои уште една, односно последниот четврток од месец декември.

Лаура Стојанова М-Нет