Остварена средба на штипските пензионери со директорката на ПИОМ

Директорката на фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија Билјана Јовановска оствари денеска средба со штипските пензионери се одржаа два состанока на кој се разговараше за ситуацијата на пензионерите и какви активности се реализираат во корона пандемијата.

Како раководно лице на фондот за пензиско и инвалидско осигурување сакам да воспоставам редовна комуникација редовни средби и соработка со сите пензионери, со нивните здруженија. Целата ситуација во државата и во светот со Ковид здраствената криза ни ги ограничува во моментот формалните активности и средби секојдневно во живо меѓутоа еве денес остваривме средба овде и во иднина ќе продолжиме со комуникација преку телефон меил а се разбира кога има потреба ќе оствариме и физичка комуникација.

Од пензионерските друштва изразија благодарност што директорката на пиом дошла директно во здруженијата што претставуваат база на проблеми и потреби на самите пензионери.

Лично и директно да ги чујат нашите проблеми од самата база каде произлегуваат од работењето на ваквите здруженија тоа се секојдневни проблеми со кои се соочуваат пензионерите по однос на висината, додатоците, потребите кои ги согледуваме локални потреби, редовно исплаќање.

Оваа прилика се искористи госпоѓа Јовановска да ги извести корисниците на семејна пензија дека треба да достават соодветна пријава за ажурирање во самиот систем.

Би сакала да нагласам дека корисниците на семејна пензија кои што немаат доставено потврда заклучно со вчерашниот датум, да ги замолам во текот на утрешниот ден и следната недела да ги достават потврдите како би можеле за нив да направиме уште една вонредна исплата. Пензионерите веќе од денес на своите сметки етапно по групи ги добиваат своите пензиски доходи почнувајќи од денес 26 ноември па до 1.12 во зависност од висината на пензијата.