Околу 30 семејства ќе се приклучат на нова водоводна линија во населба Железничка

Околу 30 семејства во населба Железничка ќе добијат нова водоводна линија. Честите дефекти на водоводната линија ќе бидат минато, вели градоначалникот Иван Јорданов, оти започнаа активностите за изведба на нова водоводна линија во должина од 400 метри. Дополнително се работи и на фекалната канализација која ќе ја повврзе населбата и индустријата, а ќе бидат опфатени околу 150 семејства.

„Овде се започнува со водовдна линија која ќе биде во должина од 400 метри, ќе се опфатат 30 семејства со нова водоводна линија. Заради честите дефекти, застарената водоводна линија која во минатото ги опслужувала домаќинствата во оваа населба. Морам да истакна дека во изминатата година се вршеше истотака замена на дотраената водоводна линија на улицата Петар Поп Арсов во Горна Железничка. Со оваа изведба дополнително темелно ги решаваме проблемите кои со години наназад биле наталожени по однос на подземната инфраструктура. Паралелно се работи на изведба на фекалната канализациона мрежа која ќе ги поврзе населбата Железничка со индустријата“ – вели Јорданов.

До сега е извршено трасирање на 100 метри на водоводната линија, а се очекува во наредните две недели целосно да завршат екипите на ЈП Исар. Инвестицијата е вредна половина милион денари.

„Екипи на ЈП Исар извршија трасирање на 100 метри на водоводната линија. Во текот на наредните денови продолжуваме за наредните 300 метри и за две недели треба да заврши“ – вели Зајков.

Градоначалникот Јорданов во оваа прилика посочи дека по завршување на водоводната линија ќе се продолжи со уредување на влезот на Горна Железничка, со нови тротоарски решенија и уредување со павер елементи.

„Ќе се изврши уредување на влезот во населбата Горна Железничка со тротоарски површини со поплочување со павер елементи. Тоа значи дека етапно, темелно ги решаваме потребите и проблемите на граѓаните. Оваа инвестиција која денес ја започнуваме е преку ЈП Исар, а вредноста е околу половина милион денари“ – додава Јорданов.

Со инвестиции под земја како и уредување се работи во сите населби на теритроија на Штип, посочува градоначалникот. Ваквото темпо на работа вели ќе продолжи и во наредниот период.

Лаура Стојанова М-Нет