Безмалку 5000 крвни единици собрани претходната година во штипскиот регион

Успешна 2023 година кога е во прашање крводарувањето. Трансфузиолог Мери Шорова вели дека претходната година може да се запише во листата успешни години, бидејќи задоволува бројката на собрани крвни единици. Безмалку 5000 крвни единици се собрани во штипскиот регион од редовни крводрителски акции и самостојни крводарувања во центарот за Трансфуизона медицина Штип. Задоволителен е почетокот и на оваа тековна година, за неполн месец собрани се околу 300 крвни единици.

„Во 2023 година имавме една многу добра бројка на донации во нашата служба. Крводарители кои дарувале во службата и на терен во нашиот регион се околу 4800 крвни единици што е навистина за пофалба. Со спроведените крводарителски акции од почетокот на годината до сега и крводарители кои редовно доаѓаат во нашата служба имаме околу 300 единици собрано, а се уште месецот не е изминат и се очекува добра година“ – вели Шорова.

Во меѓувреме од Центарот за трансфузиона медицина Штип апелираат до граѓаните да бидат хумани и да даруваат крв до колку се во можност. Истовремено, посочуваат дека и оваа година ќе се организираат низа крводарителски акции со цел да се соберат поголем број крвни единици.

Лаура Стојанова М-Нет