
Колапс и на така веќе расклатениот систем им се случи на власта за време на предвремените избори за градоначалник во Општина Штип, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, бидејќи на денот на изборите на според нив три избирачки места лица позитивни на Ковид – 19, или лица во изолација слободно излегле да го остварат своето демократско право на глас.
„Ако а изборниот ден со присуство на полицијата пред секое избирачко место, луѓе во изолација се шетаа и влегуваа кај членовите на избирачките одбори, тогаш којзнае што се се случува секојдневно. Дали оваа психотична структура ги убеди овие граѓани кои се во изолација дека слободно може да гласаат на денот на изборите, односно дека никој ништо не им може. Кој даде амин, не само оние во изолација, туку и луѓе позитивни на Ковид – 19, да излезат на гласање и да го загрозат општото здравје. Кој ќе одговара за загрозувањето на здравјето на членовите на избирачките одбори…“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип. Истите бараат одговорност, како за граѓаните кои излегле на гласање, туку и за институциите и партиските функционери кои го одобриле и охрабриле овој грозоморен чин.
На истата прес конференција одговор имаше и од владејачката СДСМ.
„Додека сите релевантни институции и целата македонска јавност го оцени изборниот процес како успешен, безбеден и демократски, ВМРО ДПМНЕ со манипулации и шпекулации го деградираат секој глас на гласачите, но и професионалноста на избирачките одбори. Доколку од ДПМНЕ сметаат дека изборниот процес бил нерегуларен, тоа можат да го докажуваат во надлежните институции, како и до ДИК. Со лаги и манипулации, сакаат да фрлат дамка на овие демократски и слободни избори, затоа и граѓаните и ги казнуваат на неколку изборни циклуси по ред. Пред само 5 месеци Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип. Во Штип победи демократијата и слободата на изразување на јасниот став на штипјани- дека се против блокади и уназадување, додека јасно гласаа за успешните политики на СДСМ кои преку Сашко Николов ќе продолжат во иднина да се остваруваат.“ – стоеше во изјавата на СДСМ.
Лаура Стојанова М-Нет