ОД ЦСР Штип со детални информации за функционирањето на Малиот групен дом

По случајот во Малиот групен дом во Штип, кога деца нападаа вработен, од институцијата денеска во писмено соопштенија ја објаснуваат целата случка, но и начинот на кој вработените се грижат за децата. Додаваат дека во домот владее пријатна и семејна атмосфера, а За успешна имплементација на овој процес ангажирани се стручен кадар од педагог, психолог, социјален работник како и негуватели и негувателки кои што претставуваат безрезервна поддршка на децата кои што се сместени во малиот групен домови.

„Во овој мал групен дом се сместени штитеници кои се деца без родители и родителска грижа со кои интензивно работат тимовите во делот на воспитување и социјализација на децата.
Процесот е несомнено долг и макотрпен, но токму тоа е бенефитот од деинситуционализацијата бидејќи овој процес е прилагоден на потребите на секое од децата во малите групни домови и токму овој начин на работа е оној кој дава загарантирани резултати.
Приказните кои се пласирани за замајување на јавноста не соодвествуваат првенствено ниту со изгледот на воспитувачот кој е бил на работа и задолжен за штитениците и кој бил дел од немилиот настан. Тој на сите педагошки начини се обидел да ги смири штитениците, што на крај вродило со плод, што се потврдува и со неговата писмена изјава, доставена до архива на ЦСР Штип.“ – велат од таму.

Агресијата, незадоволството, но и манифестирањето на бунтовност е на некој начин дел од развојот на секое дете, и не секогаш е истото има реална причина, затоа со овие деца вработените ќе продолжат да работат уште по посветено и порешително.

Токму овој начин на работа покажува дека ние вработените во ЦСР Штип и во малите групни домови цврсто се залагаме за успешен процес на деинституционализација, веќе ниту едно дете не е сместено во институција што го покажува успехот на ваквата спроведена иницијатива. Секое дете заслужува достојни услови за живот кој што ќе му овозможат да го исполни својот целосен потенцијал.

Од таму апелираат да се престанат шпекулациите и обвинувањата за функционирањето на малите групни домови во општина Штип но и за вработените во истите и нивната професионалност. Постигнатите резултати и придобивките кој ги има општеството се јасен показател за успешноста на процесот. Затоа најдобриот интерес на децата нека ни биде и понатаму приоритет на сите а нашиот фокус останува на нивната добросостојба и унапредување на нивниот квалитет на живот.

Лаура Стојанова М-Нет