Штипските јавни претпријатија ќе добијат нова механизација

Нова механизација ќе добијат штипските претпријатија, со што нема да се трошат средства за рентање и порпавка на старата и дотраена механизација. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со ова ќе се штеди на време и ресурси, а истовремено придобивките ќе ги забележат сите граѓани. Трошењето на огромни суми пари што било пракса претходните години, ќе биде минато, додаде Јорданов.

„Општина Штип ќе започне постапка за набавка на мехнизација со којашто ќе управуваат јавните претпријатија. Станува збор за замена на старата дотраена механизација која до сега ја користеа јавните претпријатија, затоа што честопати се расипува и е нефункционална, а исто така огромни средства во изминатите години се трошеа од страна на општината за рентање на механизација, ова ќе биде минато“ – кажа Јорданов.

Финансиските средства ќе бидат дополнително одредени кога впрочем и компаниите ќе ги достават понудите и согласно тоа ќе бидат нававени новите машини и новата механизација. Стаува збор за повеќе врсти на багери и еден камион кои ќе бидат набавени во наредниот месец, бидејќи одлуката денеска помина на седница на Советот на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет