Од утре повисоки цени – леб 35 денари, бурек со јогурт до 110 денари

Лебот и бурекот од утре поскапуваат за 5 денари. Лебот ќе се продава по 35 денари, а бурекот ќе чини од 60 до 80 денари. Штипските пекари велат дека морале да ги зголемат цените поради поскапувањата. Како главни причини ги наведуваат повисоките цени на енергенсите, струјата и другите давачки. Велат дека растат и трошоците за материјали и пакување, па поскапувањето било неизбежно. Согласно ситуацијата, од утре бурек со месо и јогурт ќе чини 110 денари, пица бурек и јогрут 100 денари, а 90 денари бурек со сирење и јогурт.

Николче Малинов, пекар

,,Ние ќе го покачеме лебот за 5 денари, а како што слушнав и другите исто. На пецивата исто ќе има покачување од 3 до 5 денари. Знаеме дека во последно време нафтата се покачи, енергенсите и со оглед тоа се покачеа и ретро материјалите. Имаме најави и пакувања да поскапат, односно најлонските пакувања, се претежно производ од нафтата, исто така енормно ќе поскапат. Што се однесува за пецивата, мислам дека на ниво на Македонија, Штип ги има најевитните. Бурекот со сирење 60 денари и јогурт до 30 денари, значи еден Македонски доручок ќе чини околу 90 денаир. Пица бурек е за 10 денари по ксап, некаде околу 100 до 110 денари ќе чини. “, вели Малинов

Сега за сега нема покачување на цената на јогуртот, додаваат пекарите, посочувајќи дека ситуацијата будно се следи. Истиот го продаваат до 30 денари

,,Цената на јогрутот останува иста, сега за сега. Ја следиме ситуациајта.“, додава Малинов

Инаку и граѓаните на терен тврдат дека секојдневно се зголемуваат цените и во маркетите, но и во рестораните. Ова според нив исто се должи на зголемените цени на нафтата и нафтените деривати.

Иван Митев, М-Нет