
Линеарно се зголемуваат платите на вработените во Министерството за внатрешни работи. Со новата мерка, секој вработен ќе добие исто зголемување од 2.470 денари во бруто износ, кое ќе се применува со исплатата на мартовската плата во 2026 година. Министерството најави дека во иднина ќе разгледа можност за дополнително зголемување на платите по усвојувањето на новиот Закон за внатрешни работи.
,,Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.
Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.
Како што велат од Министерството за внатрешни работи, со ваквите напорите за подобрување на условите за работа и стандардот на полициските службеници ќе се продолжи и понатаму. Очекувањата се дека ова зголемување ќе придонесе за поголема мотивација и посветеност на вработените во секторот за безбедност.
Иван Митев, М-Нет