Од Министерство за здравство со препораки за заштита во жолтата алертна фаза

Најавите од УХМР дека поради високите температури денес и утре, кои ќе достигнат и до 40 степени, нашата држава ќе биде во жолта (алертна) фаза, се  причина за дополнителна заштита од штетните сончеви зраци.

Освен општите мерки за заштита од КОВИД 19, од Министерството за здравство препорачуваат да не се излегува без поголема потреба, а доколку е неопходно, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и капа, со задолжително користење на крема со висок заштитен фактор.

Што се однесува до исхраната, повеќе да се конзумира овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. Да се внесуваат големи количества вода, а да се избегнуваат алкохолни пијалоци.

Доколку е неопходен престој на отворен простор се препорачува да се најде можност за почести одмори под сенка, од друга страна при користење на возило, потребно е претходно проветрување на возилото.

Што се однесува до хронично болните лица, истите редовно да ја земаат терапијата препишана од матичните лекари.

Од Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство истакнуваат дека во континуитет ќе се следи состојбата и по потреба ќе се предлагаат мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк