Од денес почнуваат деновите на големиот поет Ацо Шопов

Постои изреката „книгата е најдобриот пријател на човекот“. Во време на пандемија која го зафати светот. Книгата е единствената можност која може да ги оттргне лошите мисли, од деновите во кои се наоѓаме. Почнувајќи од денес, се  одбележуваат денови по повод раѓањето  на големиот поет Ацо Шопов.

Ацо Шопов ќе остане еден од основоположниците на модерната македонска поезија. Неговото дело и творештво треба да биде почитувано и пренесено на идните генерации

Во негова чест ќе биде направена и улица на поезијата од училиштето „Ванчо Прке“ до собранието. Прикажани неговите стихови кои ќе бидат пластифицирани на дрво. А, на тој начин секој од минувачите ќе може да прочита негов стих. А со самото тоа, така ќе успееме да го зачуваме неговото творештво.

Надица Стојковска М-Нет