По иницијатива на свештенството и поедини луѓе од дијаспората како што е Лимонка Васевска а живее и работи во Америка воедно и организатор на фејсбук фондот за донирање со цел да се подобрат условите за живеење на црковните конаци кои што се наменети за свештените лица и можат таму да престојуваат.
За прв пат се собраа доволно средства во која што најпрвин ќе се реновира и ќе се направат двата апартмана кои што ќе бидат живеалишта на два свештеника се надеваме дека со божја помош и кровот на црквата посветена на светиот пророк Илија ќе биде реновирана за брзо време. Предходното живеалиште кое сеуште е во изградба нема некои доволни услови за живот и од тие причини ете пак ќе речам со божја помош и божја промисла по иницијатива на госпогата Лимонка која работи во Америка ќе направиме подобар соживот и услови за да можеме да живееме во новите конаци. отец Мартин Македонска Каменица
Во црковниот двор има станбен простор во кој предходно престојувале свештениците но со текот на времето и немањето средства за одржување истиот е оштетен и опасен за престој во него од тие причини свесхтениците се приморани да живеат под кирија да собереме средства за да се обнови објектот до црквата во кој ќе можат да се преселат и живеат свештените лица но и обновување на црквата „св. Пророк Илија“ да се зачува она што е свето кое ќе остане за нашите идни поколенија. Пишуваше меѓу другото во молбата на фондот за донирање.