
Од денес учениците остануваат на летен распуст, од утре упис во средните училишта. Учебната 2021/ 22 година заврши навремено и покрај штрајкот на просветните работници. Од утре за прв пат деветооделенците се со можност електронски да се запоишаат во прва година средно образование. Рокот за пријавување е до 15 мај.
„Од утре 10.06.2022 до 15.06.2022 започнува за првпат електронското запишување на деветооделенците во средно образование. На 15 јуни сите ученици може да дојдат во училиштето од 12 до 19 часот и да ја достават истата документација. Во електронското пријавување се дадени насоки за текот на пријавувањето, а во училиштето е потребно да се донесат свидетелствата од шестто до деветто одделение, извод од матична книга на родените и дипломи од државни и межунардони натпревари“ – кажа Николиќ
Во средното медицинско училиште во Штип слободни се 232 места за идните средношколци, а за првпат ќе има и дуална паралелка. Директорката Николиќ истакна дека училиштето нуди квалитеетна настава за идните ученици.

Во петте средни училишта во Штип слободни за 903 места за идните средношколци. Штипската гимназија има слободни 238 места, Коле Нехтенин 272, текстилното Димитар Мирасчиев 93, Јане Сандански 232 и во музичкото Сергеј Михајлов 68 места.
Лаура Стојанова М-Нет