Делчевските шампионки од ЖКК „Патриот 2016“ на прием кај градоначалникот Трајковски

Шампионките од женскиот кошаркарски клуб „Патриот 2016“ денеска на прием кај градоначалникот Горан Трајковски. На средбата присуствуваа и тренерот Љупчо Петровски Клубски, спонзорот како и претставник од раководството на клубот. Во денешената прилика Трајковски исткна дека Делчево е гордо на постигнатиот успех од кошарките и дека кога се има голема љубов кон она што се работи, резулатаите и успехот се неизбежни.

„Вие покажавте и докажавте дека сте способни да бидете шампиони. Јас вериувам дека на сите граѓани на општина Делчево срцето им е полно со тоа што го видеоа на натпреварот и вие во овој период покажавте дека Делчево прераснува во еден спортски град во кој можат младите граѓани да си го најдат своето место“ – кажа Трајковски.

Да дадеш шест тројки во пет минути и да се направи пресврт во утакмицата на 12 разлика од минус шест е големо искуство, истакна на средбата тренерот Петровски.

„Тоа го можат само големи спортисти, искусни и вонсреиски спортисти. Голема благодарност до девојките кои навистина го оставија срцето на терен и одиграа најдобро кога беше најтешко, на крајот и сосем заслужено бидејќи цела година го поскаувавме овој пехар имавме 16 натпревари без пораз“ – додаде Петровски.

Делчевските шампионки на градоначалникот му подарија топка со потписи од сите нив и дрес од клубот со број 1. Трајковски им додели благодарници и додаде дека Општина делчево ќе шпродолжи да одвојува финансиски средства и да вложува во спортот за да живее и спортот и културата во градот.

Лаура Стојанова М-Нет