Од вчера започна водното чистење на улици во Штип од страна на ЈП,,Исар“

Од вчерашниот ден Јавното претпријатие “Исар“ како дел од програмата за чиста средина, започна со водно чистење на градските улици. Намената на оваа активност е да се отстранат собраните нечистотии и отпадоци, кои ги има во летниот период низ улиците на градот, вели директорот на претпријатието Александар Арсовски и додава дека со оваа активност ќе придонесе подобар изглед на урбаната средина.

“Значи оваа активност Јавното претпријатие Исар заклучно од вчера, како дел од програмта за работа на истото планира да работи секојдневно во овој период од годината. Инаку, намената на оваа активност пред се е да се отстранат собраните нечистотии, прашина и отпадоци кои што ги има по улиците. Оваа активност не само што придонесува изглед на урбаната средина, туку го намалува и изгледот од респираторни заболувања, кои што ги предизвикува вдишувањето на прашина. Чистите улици означуваат и чиста хигиена“, вели Арсовски

Како дел од оваа програма, ќе биде опфатено централното градско подрачје, како и населбите на градот, истакна Арсовски.

“Согласно програмата за работа на јавното претпријатие, значи централното градско подрачје и сите останати населби, имаат план за работа и истиот ќе биде максимално испочитуван, што значи дека ќе биде опфатен целиот град. На дневно ниво некаде се трошат околу 40, до 50 метри кубни вода, а тоа доаѓа околу 60 000 литри на вода.“ истакна Арсовски

Јавното претпријатие Исар, покрај ваквиот проект, активно е вклучено на многу активности, кои ги имаат во доменот на реализациите, а посебно внимание ќе се обрне на зелените површини и разеленувањето на градот.

Лаура Стојанова, М-Нет