Материјални богатства, сточарство, земјоделство богата лепеза на занимања на жителите од село Соколарци

Селото Соколарци се наоѓа во подножјето на Осоговските планини во Кочанското поле. Главно занимање на жителите е земјоделството. Освен тоа исто така се занимваат и со одгледување на ориз, пченица, дсомати одгледување овци и крави. Најчесто оризот се планира на кочанските пазари. Селото изобилува со културно и материјално богаство, има добра патна и водна инфраструктуа, одлична географска положба.

„Претходно со земјоделие сега сум вработен во општествена фирма, па ориз и житни култури. Сам така барам помош од пријателите. Никогаш не се е исплаќало туку така цел живот работиме, за кој нема откуп, нема ништо“ посочи Миленков

„Нашето е едно од најстарите села тука луѓето се занимваат со земјоделие претежно и по фирми на работа. Порано се исплаќаше за врме на Југославија, сега работиме само за фабриките и за аптеките. Има уште пет села што се иселени од Соколарци насекаде Штип, Кочани, Скопје, по странтсво само 70% луѓе има во Италија. Село со благодети со вода со се ама сме изолирани едноставно. Селото е убаво има услови за живот ама никој не презема ништо да направи“ вели Ставрев

Велат дека се задоволни од условите кои вусшност претставуваат одлична подлога за фунцкионирање на едно село. Селото има своја слава во чест на Св Константин и Елена, на овој ден порано, а и денес жителите сите заедно собрани на едно место ја чествуваат славата. Интересен податок е тоа што црквата Св Константин и Елена датира уште од 1890 година во селото каде денес истата се реконструира .

„Немаме како што може вашата камера да регистрира пред се селски патишта локална инфраструктура не сме поврзани дури ниту со регионалната инфраструктура како што треба. Имаме добра положба имаме пред се вода кои што многу други села во оваа општина ја немаат имаме водна инфаструктура која што сами си ја одржуваме тие се малку села што останаа во општината Чешиново-Облешево сами да си ја одржуваме“ изјави Давитков

„ Сега веќе дојде времето скоро ич не се слави, совен богослужба што држе црквата. Инаку претходно се одеше, народот имаше соживот, доаѓаа сега тоа е малку минато. Музика, живи музики имаше тука овде.“ вели Мишев

Податоците велат дека според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 730 жители, од кои 702 Македонци, 3 Албанци, 2 Власи Оваа бројка била поголема порано но луѓето денеска се населени како во внатрешните простори во државата така и надвор од неа. Главната причина за иселување се должи за условите за подобар живот посочија жителите.

Лаура Стојанова, М-Нет