
Валандовската смоква една од највкусните на штипскиот пазар. Иако не е тешко да се работи, затоа што јас работам од љубов, важно е почвата, бидејќи смоквата мора да има добри улови вели Трајков. Дециден дека треба смоквата најпрво треба да се крои, потоа да се наводнува и да се обработува почвата, да нема трева за да може да опстане едно дрво смоква.
“Па смоквата е доста побарувана. Па крое се, наводнува се, мора да се обработи за да биде добра почвата и да нема трава, да биде убаво. Ако се сака убава смоква мора да се има добри услови. Не е тешко, ништо не е тешко ако се сака, арно е и поднебјето, секаде смоквата не може да биде иста. Кај нас во Валандовскиот крај е пополок крај и повеќе успева смоквата”, вели Ристо
Иако побарувачката е задоволителна, нема доволно производство на смоква бидејќе годината е сушна и самата природа е негативна.
“Па задоволителна е мислам се бара но нема доволно смоква, ова година сушна е годината и самата природа е негативна, затоа и нема доволно. Најчето домаќинките купуваат смоква за да подготват сладок џем, а знаат да направат и слатко од смокви вели Трајков и додава дека има љубители на смоква кои ја консумираат свежа. Па прват џем, прават слатко од смокви и ја консулмираат свежа.”, додава Ристо
Инаку вкусната и слатка смоква е едно од најстарите овошја во кои уживаат луѓето. Смоквата е природно богата со голем број хранливи фито-материи, витамини и антиоксиданси корисни за здравјето. Сувите смокви претставуваат концентриран извор на витамини и минерали. Смоквата е овошје кое содржи и до 80% вода, а исто така содржи и најмногу шеќери во себе што го прави овошје кое обезбедува многу енергија која ја потикнува работата на мозокот, концентрацијата и помнењето. Па со оглед на тоа, можеме слободно да заклучиме дека смоквата е омилено овошје на мозокот.Смоквата е овошје кое е подеднакво вкусно и здраво, свежо или сушено.
Лаура Стојанива, М-Нет