Одржан 11. симпозиум за дентално здравје на Факултетот за медицински науки при УГД

Одржан 11 по ред симпозиум, чија главна цел беше студентите да се запознаат со начинот на превенција на различни заболувања во усната празнина. Присутните имаа можност да се запознаат со Епидемиолошка состојба на карциноми и нивна превенција, застапеност, третман од шест предавачи, двајца гости од Ниш – Србија, останатаите од факултетот при УГД.

„Единаесети по ред симпозиум денес, самата бројка кажува за години наназад успешни симпозиуми, редовно секоја година. Како целна група ни се докторите стоматолози, општи од државата и секако докторите специјалисти.“ – кажа Папакочев.

Професор доктор Драган Красиќ од Ниш, кој беше еден од предавачите исткана дека денешната тема е правилно избрана бидејќи граѓаните општествот треба и мора д аводат грижа за своето дентално здравје, со цел навремено лекување.

„Малигните заволувања не познаваат економија, различни случувања дури и целокупната приказна која беше со ковиод дојде до тоа ние имаме еден период, мртов период за лекување на малигните заболувања. Темата е целосно правилно избрана и не е исто дали ние ќе го третираме малогното заболување на почеток или или во некоја касна фаза. Тоа е важно и за државата, општеството и сите за лекувањето да биде брзо, ефикасно, евтино, а со тоа пациентот навремено да се врати и нормално да функционира“ – вели Красиќ.

Професот доктор Красиќ, вели дека ковид пандемијата влијаела врз граѓаните, бидејќи во тој временски период од две години се работело само на итни работи, меѓу кои и лекувањето на малигни заболувања. Но, додава дека економската ситуација не влијаела во толкава мера.

„Ние работевме се нормално иако ковид пандемијата беше активна. Работевме и онкологија, трауматологија, инфекции и сѐ она што е итно во хирургијата. Генерално многу брзо се се врати во сиситемот, но проблем беше тоа што голем број пациенти доцна се јавуваа, токму заради короната, токму затоа што не можеа да се јават навреме. Ограничувањата кои беа во времето на короната и се рабтеа само итни интервенции, а луѓето од Балканот знаете не рагираат веднаш ако приметат некаква промена на пример во усната шуплина која не поминува седум до десет дена“ – додава Красиќ

На симпозиумот се истакна дека задоволителен е бројот на студенти кои се занимаваат со дентална медицина, а очекуваат да расте борјот на граѓани кои редовно се појавуваат на контрола и вистински се грижат за нивното дентално здравје.

Лаура Стојанова М-Нет