Јубилеј половина век постоење прослави денеска кочанското здружение на пензионери

Здружението на пензионери Кочани деска прослави јубилеј 50 години од своето постоење. Во свечна манифестација, соработка и дружба со членови на пензионери од државата, но и надвор од неа успешно прославија пола век постоење.

„Денешниот ден ги одредивме за прослава и за одбележување. На основа на архивските податоци и на основа на податоците на монографијата која е издадена 2007 година, стои дека нашето здружение е формирано на 27 август 1972 година, додека истата година на 16 ноември е регистрирано.“ – кажа Серафимов.

На настанот присуствуваше и првиот човек на град Кочани, Љупчо Папазов кој истакна дека Локалната самоуправа продолжува и во иднина да ги поддржува сите активности на ова здружение за подобрување на живтотот на пенизонерите.

„Половина век постоење и делување е јубилеј за почит и поклон за генерациите кои се вткаени членовите на здружението. Овде има членови кои постигнале значителен реулзтат за унапредување на аживотниот стандард на пензионерите во градот.

Претседателот Серафимов истакна дека не само прослава за постоењето, денеска се слават сите напори, активности и вложувања на самото здружение за подобрување на условите за живот и стандардот на пензионерите во Кочани.

„Ние настојуваме да ги оправдаме сите барања на луѓето, со нашето постоење ќе работеме за подобрување на животот на пензионерите, сакаме соработка за подобрување на животниот стандард и условите за живот на пензионерите“ – додава Серафимов.

Кочанското здружение на пензионери е едно од поактивните здруженија во државата, чии членови постојано следат активности, дел од се спортски натпревари и се грижат за страндардот на пензионерите.

Лаура Стојанова М-Нет