Одложен штрајкот на средношколците

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и штипските претставници  од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од Ковид-19 во земјава. Воведното излагање како да ги поколеба средношколците кои во изминатиов период најавуваа штрајкови и инсистираа на укинување на онлајн наставата.

Средношколците начелно се согласија со Министерот за здравство Венко Филипче. Најавите за штрајк и евентуален бојкот на наставата како да го изгубија интензитетот по министерското образложение за процесот на имплементација на одредени протоколи за кои Комисијата инсистира да бидат применети етапно, согласно со епидемолошката состојба во земјата. Објаснувајки го процесот на  воведување и попуштање на рестриктивните мерки пред очекуваниот втор бран на Ковид-19, надлежните нагласија дека мора да се превземат сите мерки за превенција.

Почитувајќи ја демократичноста на младинското делување министерската препорака беше дека здравјето е пред се и за истото треба да се грижат сите но и дека тоа сепак е законска обврска на повозрасните и надлежните. И средношколците и комисијата за заразни болести констатирале дека Барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година, а тоа  значи дека  недоразбирањата се усогласени , велат штипските представници на средношколската младина. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат етапни и согласно епдидемиолошката состојба во земјата. На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година.

Маре Стојилова М нет