Одбојкарките на Младост УГД од Штип со висок пораз од Јанта Волеј КВ, четири домашни победи!

Деветтото коло од Првата одбојкарска лига во женска конкуренција донесе четири домашни и убедливи победи.

На висока и убедлива победа се радуваше лидерот Јанта Волеј КВ откако со 3:0 во сетови славеше над штипски Младост УГД.

Во првите два сета штипјанки пружија силен отпор и сакаа да изненадат против големиот фаворит, откако првиот сет заврши со 25:19, а вториот со 25:20. Во третиот сет Младост УГД немаше сили, па Јанта Волеј КВ истиот го доби со 25:14.

На убедливи победи се радуваа и одбојарките на Струмица откако славеа со 3:0 над „фенерџијата“ Ускана Волеј од Кичево, Наковски Волеј го збриша Вардар ЕМ со 3:0, а пак Работнички со 3:0 во сетови беше пресилен против Фит Фан Волеј.

Јанта Волеј КВ е прва со 26 бодови, втор е Работнички со 23 бодови, а толку има Наковски Волеј кој е трет. Овие три екипи се одвоија во однос на Фит Фан Волеј кој е четврти со 11 бодови, Младост УГД е петти со 9 бода, Вардар ЕМ е шести со осум, Струмица е претпоследна со шест бодови, а дното е Ускана Волеј со два бодови.

Кај дамите во второлигашката конкуренција се одиграат натпреварите од седмото коло, каде Јанта Волеј Бут со 2:3 загуби од Бами Кор, Виктори Волеј загуби од лидерот Пелистер Волеј со 0:3, Македонија Макс со 0:3 беше поразена од Форца Волеј Ема, Куманово немаше сили за Универзитет Тетово загуби со 2:3 во сетови, а пак второпласираниот тим на Газели Волеј со 3:0 го доби Вардар 2019.

Александар Ванев, М-Нет