
Екипата на Мал Ајакс службено го добива натпреварот со екипата на Енхалон од Струга, која не допатува во Штип, со што штипјани ќе добијат службени три бодови на своето конто, во рамки на 7. коло од Втората футсал лига.
Ланскиот прволигаш Карадаку на домашен терен претрпе пораз од екипата на Балкан со резултат од 3:7 со што Балкан останува на врвот со 18 бодови колку што има и Мал Ајакс кој е втор, па овие две екипи веќе се одвојуваат на патот кон промоција во Првата лига.
Партизан Југ во Брвеница го доби дербито со тетовски СЕЕ Университи со резултат од 6:5, а пак Кратово приреди вистинско изненадување откако со високи и убедливи 6:2 го декласираше ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе, кој најавува експресно враќање во елитата, па ќе има вистински предизвик на следните натпревари да се поправа.
Пелагониско дерби во Прилеп на Победа и Конзули во меч каде прилепчани со 7:6 беа подобри од битолчани.
Кораби на домашен терен се сопна, откако одигра 3:3 со Каршиака и мораше за да се задоволи само со бод.
Балкан е на врвот од табелата со 18 бодови, Мал Ајакс е втор со ист број на бодови, а пак трет е Кораби со 13 бодови, додека Овче Поле е четврти со 12 бодови, а дното без бодови е ланскиот прволигаш Карадаку.
Александар Ванев, М-Нет