Трагедија го потресе Тетекс: Во сообраќајна несреќа загина Даниел Николковски

Трагична вест го потресе фудбалскиот клуб Тетекс и целата спортска јавност. Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби Даниел Николковски.
Николковски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим, оставајќи трага како член на тетовското фудбалско семејство.
Од ФК Тетекс со длабока болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер, истакнувајќи дека Даниел засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.
„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од Тетекс.
Клубот упати најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познаваа Даниел.