Огромни придобивките од донираниот рендген апарат од Јапонија на КБ Штип

Веќе пет месеци Клиничка болница Штип го користи новиот подвижен рендген апарат кој е донација од Јапонија. Денеска на завршувањето на проектот гостин во Штип беше јапонскиот амбасадор, кој заедно со директорот на КБ Штип, доктор Ален Георгијев и градоначалникот Иван Јорданов направија увид во придобивките од апаратот. Георгијев истакна дека со помош на овој апарат драстично е намален бројот на ковид пациенти на штипското инфективно одделение.

“Од моментот кога е донесен овој апарат рапидно се намали бројката на пациенти со ковид 19 инфекцијата, тоа беше првобитната намена за апаратот затоа е и лоциран овде. Се надевам дека овој апарат ќе биде дислоциран на друг оддел, првенствено на одделот за Трауматологија и бенифит ќе имаат сите, таква е природата на апаратот, тој оди кај пациентите, а не тие кај него, затоа и се нарекува подвижен и уште еднаш едно големо благодарам“ – кажа Георгијев.

Повеќе од 90 рендген снимки направени со овој подвижен апарат сведочат дека навистина е потребен и дека со вакви донации се подобруваат здравствените услови во болницата во Штип.

“Овој апарат донесе поквалитетни здравствени услуги за пациентите од четирите региони кои гравитираат кон КБ Штип. Во изминатиот шест месеци повеќе од 90 ренген снимки се направени со апаратот што помогна Инфективното одделение на болницата да го намали ширењето на корона висрусот. Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри здравствени услови.“ – кажа Савада.

Јорданов во оваа прилика освен благодарност истакна дека очекува соработката со јапонскиот народ да продолжи и во иднина.

„Јас сум убеден како и досега низата донации кои се случија во изминатите години благодарение на поддршката на јапонскиот народ, а се во разни сфери како што е образованието, здравство, згрижувачки процес дека ќе продолжат и во иднина.“ – додаде Јорданов.

Ова е трета донација од Јапонија за Клиничка болница Штип, во мај 2018 година доби две амбуланстски возила. Амбасадорот пред посетата во Клиничка болница Штип, беше на средба во кабинетот на градоначалникот, вторпат за рок од една година.

Лаура Стојанова М-Нет