Кој, кого каде вработил, препукувања на власат и опозицијата во Штип за државни вработувања

Со нови инспектори блиски до СДС е збогатен Државниот инспекторат за труд – подрачна единица Штип, чии имиња им биле познати на штипјани уште пред решенијата да бидат испечатени, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Според нив работењето на СДСМ е школски пример за непотизам и семејно вработување.

„Милан Рилак е кандидатот кој како најполовен е вдомен во Државниот инспекторат за труд, брат на Никола Рилак, поранешен советник во Советот на Општина Штип, а денес заменик директор на МЕПСО и член на извршниот одбор на СДС. Анастасија Коцева Доневска исто така се покажала како најдобра избор на јавниот оглас во трудовиот инспекторат, ќерка на Здравко Коцев поранешен претседател на општинскиот огранок на СДС и поранешен на ЈП Исар од редовите на СДС. Штипската јавност го знае и името на третиот кандидат од овој јавен оглас, кој местото во инспекторатот ќе го пронајде во следниот период. Да или не господа од СДС, би било доволно да одговорите на граѓаните на Штип“ – кажаа од Вмро Дпмне.

На ова од ОО на СДСМ Штип одговорија дела ВМРО-ДПМНЕ која според нив е партија олицетворение на непотизамот и роднински вработувања, нема право да зборува за партиски вработувања од причина што додека беа на власт ги преполнија институциите со партиски војници.

„За една година локална власт, новоизбраниот градоначалник Јорданов веднаш си ја вработи неговата братучетка Емилија Миладинова во Општината, додека првата братучедка на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Душко Иванов си ја вработи во ЈП „Стипион”.
Трајче Здравков, син на довчерашниот советник Љубе Здравков е поставен да раководи со ЈП „Исар”. Актуелната секретарка во општината, Вишна Шорова-Ангелова, чии сестра , Елена Шорова и маж Милорад Ангелов, ги вработи во Центарот за култура, стрико ѝ Зоран и братучед ѝ Константин во МВР, а стрина ѝ Павлина во Здравствен Дом. Актуелниот градоначалник Јорданов, своевремено го вдомија во УЈП, неговиот татко е вработен во Фонд за здравство, неговиот кум во образование, фамилијарно се под државна капа. Ништо подобар не е ни пратеникот Мицевски, кој си ја вработи сопругата во градинка, а си го вработи и брат му во ОУ “Димитар Влахов” “ – сооптшија од СДСМ.

Од таму додаваат дека залудни и паушални се ваквите прес конференции на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи нема сила која ќе ја потцени интелигенцијата и меморијата на штипјани.

Лаура Стојанова М-Нет