Оган скап денешниот пазарен ден во Штип, покачувањето на пензиите веќе потрошено

Оган скап за купувачите денешниот пазарен ден во Штип. Празните торби денес зборуваат за незадоволството на граѓаните. Пред камерите на М-Нет телевизија велат дека одамна веќе не купуваат во килограми, па согласни остануваат со фактот дека месото им е поевтино од органската храна. Иако пензиите се зголемени за 5000 денари, сепак цените си го прават своето.

Дека побарувачката е слаба согласни се и производителите, кои велат дека за нив пак е скапо производството, па согласно тоа е нормално цените да бидат такви како што се.

Инаку, овој петок дополнително граѓаните купуваа боја за пасување на велигденските јајца, како и домашни јајца, кои се продаваа од од 10 до 13 денари.

Иван Митев, М-Нет