
Хуманитарната претстава ,,Избувливиот човек“ денес ќе ја одиграат актерите во штипскиот театар Ацо Шопов. Со почеток од 20:00 часот, вечерва се покануваат сите хумани граѓани, да повелат на настанот, кој тие го подготвија со цел граѓаните имаат можност да се отргнат од секојдневието и да уживаат, а истовремено да направат хуман гест за оние на кои што помошта им е неопходна. Она што посочуваат од таму е дека средствата од продадените билети ќе бидат донирани за сите настрадани во трагедијата што се случи во кочанската дискотека Пулс на 16 март. Цената на билетот изнесува 200 денари, а резервациите за истите ќе се подигнат од самиот театар. И понатаму штипскиот театар ќе работи и на предвидените проекти од претходниот директор Филип Стевановски, кој загина во истата трагедија, која државата ја зави во црно. Пред неколку дена на негово место сега е назначен новиот в.д директор Пеце Ристевски, кој смело и одговорно ги засука ракавите од изминатата седмица за работа, раководејќи го театарот на Штип со што штипската сцена ќе продолжи да се оживува и збогатува со претстави и културни манифестации.
Иван Митев, М-Нет