Објавен портретот на принцезата Кејт, фановите ужаснати: „Дали е ова шега?“

Откога кралот Чарлс објави нов портрет, портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ за да „и оддаде почит на нејзината храброст“, два месеци откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.

Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.

Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.

Инаку, и кога Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи брзо почнаа исмејување.

Текстот Објавен портретот на принцезата Кејт, фановите ужаснати: „Дали е ова шега?“ е превземен од МАКФАКС.