Штипјанец извршил физички напад врз полицаец

Вчера во 14.00 часот пред  банка на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип,  полициски службеници го лишиле од слобода С.И.(42) од Штип затоа што се обидел физички да нападне полициски службеник и го попречувал во извршување службени дејствија.   Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.