
Лидерот Борец со 3:0 ја доби Слога на домашен терен во меч каде некогашниот прволигаш од Велес беше апсолутен фаворит. Новото засилување Виктор Перчинков и Јосиф Манасиев погодија за 2:0 на полувреме, а во вторито дел Пеце Стојанов ги постави конечните 3:0.
Локомотива забележа голема победа над Марена на домашен терен во борбата за опстанок, откако Ѓунер Усеинов беше стрелец на три гола за Локомотива, за гостинот стрелаа Фазлиов и Михов.
Младост и Росоман ги поделија бодовите откако одиграа 3:3. Миловановиќ погоди за 0:1, а Чапкуноски израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел. Во вториот дел Дуков во 51. минута го врати водството на 1:2, а Мијајлески израмни на 2:2. Со втор гол на Дуков екипата на Росоман дојде до ново водство од 2:3, а Китаноски ги постави конечните 3:3 во 84. минута.
Превалец на домашен терен беше убедливо поразен од Питу Гули од Крушево со 1:3. Соте Андреески во 45. минута погоди за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Давитков израмни на 1:1 во 71. минута, а во судиското надополнување Мемедоски и Алимоски погодија за конечни 1:3.
Како што објави телевизија М Нет вчера Ултрас и Бучин ремизираа играјќи 3:3, а во оваа коло слободна беше екипата на Големо Коњари.
Лидер е Борец со 29 бодови, втор е Големо Коњари со 25 бодови, третото место го делат Росоман и Превалец. На 5. место е Младост со 18 бодови, Питу Гули место подолу со бод помалку, на седмото место е Ултрас со 14 бодови, Слога е осма со 13 бодови, Марена е на деветтото место со 11 бодови, Локомотива е претпоследна со 10 бодови, а на дното е „фенерџијата“ Буџин со еден бод.
Александар Ванев, М-Нет